вторник, март 3, 2026
Дома СКОПСКА Уредување и разубавување на јавните површини во Ѓорче Петров

Уредување и разубавување на јавните површини во Ѓорче Петров

14

Во пресрет на пролетната сезона, Општина Ѓорче Петров започна засилена и координирана акција за уредување, разубавување и системско одржување на јавните површини на целата територија на општината.

– Интензивно сe кастрат дрвјата и живата ограда, со цел подобрување на безбедноста и зачувување на зеленилото, се расчистуваат гранки и зелен отпад, темелно се чиста тротоари, рабници и пешачки зони, а се уредуваат и паркови, детски игралишта и меѓублоковски простори – соопштија  од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму нагласуваат дека активностите се дел од поширока стратегија за унапредување на урбаната хигиена, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

– Со овие активности се создава почиста, побезбедна и поуредена животна средина, а истовремено се поставуваат основи за понатамошни инфраструктурни и еколошки интервенции во текот на годината – велат од локалната самоуправа, најавувајќи дека во наредниот период, активностите ќе се интензивираат и ќе опфатат дополнителни локации, согласно утврдениот план.

Од Општината сметаат дека грижата за јавниот простор не е еднократна активност, туку долгорочна и системска обврска кон сите граѓани.

ИЗДВОЕНИ