вторник, октомври 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА УХМР најавува обилни врнежи, грмежи и нагло заладување

УХМР најавува обилни врнежи, грмежи и нагло заладување

75

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во следните денови се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Во четврток, врнежите ќе бидат проследени и со ретки грмежи, а утре и во петок на одделни места ќе има услови за појава на утринска магла.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, со исклучок на петок, кога се очекува засилен ветер од северозападен правец.

Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилното време ќе се задржи до почетокот на следната работна седмица.

ИЗДВОЕНИ