четврток, септември 3, 2026
Дома СКОПСКА Училиштето „Браќа Миладиновци“ подготвено ја започна новата учебна година

Училиштето „Браќа Миладиновци“ подготвено ја започна новата учебна година

1

Оcновното училиште „Браќа Миладиновци“ во Илинден ја дочека новата учебна година подготвено, со подобрени услови за учениците и унапредена училишна инфраструктура. Во изминатиот период беа реализирани повеќе активности насочени кон создавање современа, функционална и пријатна средина за учење.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, информираше дека во училиштето се реновирани три училници и целосно е опремена просторија за продолжен дневен престој, при што со воведувањето на оваа новина, од оваа учебна година, сите основни училишта на територијата на Општина Илинден обезбедуваат можност за продолжен престој на учениците.

Во рамките на активностите, дворот на централното училиште е партерно уреден со бекатон плочки, а започнати се и активности за поставување на летниковец, што ќе придонесе за создавање дополнителен простор за одмор и реализирање ученички активности.

– Покрај централното училиште, уреден е и дворот на ПООУ „Браќа Миладиновци“ во населено место Текија. Целиот простор е поплочен со бекатон плочки, со што се подобрува неговата функционалност и безбедност, а училиштето добива современ и уреден изглед – истакна Георгиевски. 

ИЗДВОЕНИ