четврток, септември 3, 2026
Дома СКОПСКА Почна распределбата на униформите за учениците од Аеродром и Гази Баба  

Почна распределбата на униформите за учениците од Аеродром и Гази Баба  

1

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска ги посети учениците во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ и им ги подели бесплатните училишни униформи во кои има две поло-маички, две блузи со долги ракави и блуза со качулка.

Општина Аеродром и оваа година обезбеди 7.500 бесплатни училишни униформи за учениците што до 20 септември ќе бидат поделени во сите основни училишта.

– Со ова создаваме еднакви услови за сите деца, а истовремено им помагаме и на семејствата полесно да го започнат новиот учебен период. Продолжуваме да вложуваме во нашите деца и да создаваме посовремена, поубава и еднаква училишна средина за сите – нагласуваат од локалната самоуправа.

Градоначалникот, пак, на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска  во ООУ „Стив Наумов“, ги подели новите училишни униформи кои бесплатно ги добиваат сите ученици на територија на Општина Гази Баба.

– Од 2023 година, кога првпат ја воведовме, па сè до денес, една идеја ја претворивме во традиција која секоја година носи радост кај децата и кај семејствата. Идејата е едноставна – кога децата ќе застанат едно до друго, да нема разлики. Да има еднаквост, да има припадност, да има чувство дека училиштето е место каде што сите имаат еднаква вредност и еднаква шанса. Униформата е многу повеќе од парче облека. Таа е порака дека секое дете е важно, секое дете заслужува еднакви услови и секое дете заслужува можност да го оствари својот потенцијал – истакна Стефковски.

ИЗДВОЕНИ