Крајбрежниот автопат помеѓу Унац и Равбаркоманда во правец на Копер во Словенија е затворен поради тешка сообраќајна несреќа во која загинаа три лица. Возилата беа блокирани на излезот од Унац. Полицијата во моментов се грижи за возилата што останаа заробени во колоната, додека камионите се исклучувааат кај Логатец, објавува порталот 24ur.com.
Според претставник на Полициската управа во Копер, полицијата била известена во 16:28 часот за тешка сообраќајна несреќа на автопатот помеѓу Унац и работната зона пред Равбаркоманда. Во несреќата учествувале камион и патничко возило.
На местото на несреќата веднаш биле испратени неколку полициски патроли, како и пожарникари. Според првичните информации, камионот застанал во лентата за запирање поради дефект. Возачот на патничкото возило потоа удрил во задниот лев дел од приколката.
Во автомобилот имало пет лица, сите државјани на Македонија. Лекар на местото на настанот ја потврдил смртта на три лица. Едно повредено лице е пренесено во болница со хеликоптер, додека другото, вклучувајќи го и возачот на автомобилот, е пренесено со амбулантно возило.
Истрагата е во тек, а на местото на несреќата се испратени и државниот обвинител и истражниот судија. Автопатот во правец на Копер е затворен, а возилата се исклучени на излезот од Унец. Полицијата во моментов им помага на возилата што останале заробени во колоната, додека камионите се исклучуваат во близина на Логатец.
❗Primorska avtocesta je zaradi hujše prometne nesreče med Uncem in Ravbarkomando proti Kopru zaprta. Nastaja zastoj. Obvoz je možen za osebna vozila po regionalni cesti med priključkoma Logatec – Razdrto.
Strpno in previdno.🙏 pic.twitter.com/LCZnEVngG2
— Promet.si (@promet_si) August 27, 2026
Повеќе информации за околностите и текот на несреќата ќе бидат објавени по завршувањето на првичните истражни дејствија.












