четврток, август 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тошковски: Системот „Безбеден град“ од вчера почна со регистрирање прекршоци и кај...

Тошковски: Системот „Безбеден град“ од вчера почна со регистрирање прекршоци и кај мотоциклистите

0

„Сејф Сити“ од вчера автоматски ги детектира и мотоциклите кои прават сообраќајни прекршоци, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој најави дека системот веќе започнал со регистрирање на прекршоци кај мотоциклистите на териториите каде што е имплементиран.

Тошковски посочи дека надлежните успеале да најдат техничко решение со кое и мотоциклите можат да бидат идентификувани во рамките на автоматското следење на сообраќајните прекршоци, особено при возење со недозволена брзина.

„Ексклузивно, од вчера е започнато со детектирање и автоматско ловење и на мотоциклите на територијата, таму каде што го имаме имплементирано Безбеден град“, изјави Тошковски.

Тој упати порака до мотоциклистите кои не ги почитуваат сообраќајните правила дека отсега можат да очекуваат санкции од системот.

„Нека не се изненадат оние кои глумат дека се моторџии и не ги почитуваат правилата, дека ќе бидат предмет на санкционирање од страна на системот Безбеден град“, рече Тошковски.

Според министерот, целта на ваквиот начин на контрола првенствено е зголемување на безбедноста на самите мотоциклисти, но и заштита на останатите совесни учесници во сообраќајот.

Тошковски очекува веќе денеска да бидат познати и првите бројки за казнети мотоциклисти преку автоматскиот систем.

„Најдовме технички начин како да бидат и тие констатирани во рамките на сторувањето на прекршокот за возење со недозволена брзина“, посочи министерот.

ИЗДВОЕНИ