Американскиот претседател Доналд Трамп се пошегува на самитот на Г7 во Евиан, каде што доцнеше околу еден час на состанокот, велејќи дека тој е шефот.
„Јас сум шефот“, рече тој, објави Њујорк Тајмс.
Иако изјавата на Трамп наводно била дадена во неформален, хумористичен контекст по пристигнувањето на состанокот, за време на кој тој, според медиумските извештаи, се пожалил и дека е „премногу жешко“ во просторијата и седнал на чело на масата.
Подоцна за време на самитот, Трамп и другите светски лидери усвоија заедничка изјава во која го пофалија „силното лидерство“ на американскиот претседател во постигнувањето договор за односите со Иран.
Документот го опиша прелиминарниот договор меѓу САД и Иран како „историска можност“ за спречување на Техеран да развие нуклеарно оружје. Во изјавата се вели дека ќе биде потребен „сеопфатен дипломатски договор“, кој треба да биде придружен со меморандум што високи американски и ирански претставници планираат да го потпишат во Швајцарија.
Според „Њујорк тајмс“, и покрај пофалбите за Трамп, документот го одразува и обидот на Г7 да одржи заеднички фронт: лидерите ја повторија својата „непоколеблива поддршка“ за Украина и најавија зголемени санкции кон Русија, особено по претходните изјави на Трамп во кои се сугерираше дека САД „немаат никаква врска“ со војната.












