четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп постојано испраќа збунувачки пораки: „Тоа е намерно, тој игра 12-димензионален шах“

Трамп постојано испраќа збунувачки пораки: „Тоа е намерно, тој игра 12-димензионален шах“

274
EPA/Yuri Gripas / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп ги збунува не само странските лидери и финансиските пазари со своите спротивставени сигнали за Иран, туку и сопствените советници, пишува Axios.

Според медиумот, советниците кои редовно разговараат со Трамп велат дека ни тие немаат јасна слика за тоа што всушност планира претседателот. Импровизираните изјави и објави на Трамп на социјалната мрежа Truth Social имаат директни последици за текот на војната, но и огромно влијание врз пазарите, а потоа истиот циклус се повторува без трајна јасност.

Некои од неговите соработници и сојузници тврдат дека Трамп најчесто импровизира, наместо да следи јасно дефинирана стратегија. Тие велат дека тој сака да ги држи сите опции отворени, да презентира идеи на различни публики и да реагира кога ќе процени дека се појавила можност.

Неговите советници во различни периоди биле убедени дека тој се стреми кон голема ескалација, а потоа и кон брз крај на конфликтот. „На крајот, никој не знае што навистина мисли“, рече еден висок советник.

„Тие имаа план за првата недела, а потоа го смислуваа планот во тек на процесот“, рече еден поранешен американски функционер.

Други велат дека таквата непредвидливост е намерна. Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој разговараше со Трамп во понеделник, за Аксиос изјави: „Тоа и  планот, да немате поим“.

Кога го прашаа зошто Трамп споменува можна копнена инвазија, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет рече: „Поентата е да се биде непредвидлив, да не се дозволи никому да знае што сте спремни да направите или да не направите“.

Еден функционер на администрацијата рече дека тоа е намерна тактика. „Ова не е 3Д шах, туку 12-димензионален шах. Постојано си противречи, па никој не знае што мисли. Тоа е намерно“, рече тој.

Во исто време, станува сè појасно дека Трамп, барем засега, планира да се повлече и да прогласи победа, и тоа наскоро, во следните две до три недели, како што самиот рече. Во последните денови, тој постојано зборуваше за тоа како САД победија и како би можел да изгледа излезот од конфликтот.

ИЗДВОЕНИ