Трамп помладиот: САД би можеле да се откажат од Украина, Зеленски намерно го продолжува конфликтот

134
EPA/CAROLINE BREHMAN

Синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, денес на конференција во Доха изјави дека неговиот татко би можел да се откаже од Украина, или поточно да се повлече од мировните преговори, додавајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го продолжува конфликтот затоа што „знае дека не може да победи на изборите“.

На прашањето дали Доналд Трамп навистина може да се повлече од украинското прашање, Трамп помладиот одговори дека „мисли дека може“, нагласувајќи дека неговиот татко е „еден од најнепредвидливите политичари“, пишува Политико.

„Она што е добро кај мојот татко и она што е уникатно кај мојот татко е тоа што не знаете што ќе прави. Фактот дека е непредвидлив ги принудува сите всушност да се однесуваат интелектуално чесно“, нагласи синот на американскиот претседател.

ИЗДВОЕНИ