петок, јули 17, 2026
Дома СВЕТ Трамп ја обвини Кина за мешање во изборите во САД, Пекинг демантира

Трамп ја обвини Кина за мешање во изборите во САД, Пекинг демантира

34
epa13039453 US President Donald Trump attends a bilateral meeting with French President Emmanuel Macron (not pictured) on the sidelines of the G7 summit in Evian-les-Bains, central-eastern France, 15 June 2026. The 52nd G7 Summit takes place in Evian-les-Bains from 15 to 17 June 2026. EPA/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Обраќајќи и се на нацијата во ударниот телевизиски термин американскиот претседател Доналд Трамп отворено ја критикуваше Кина за она што го нарече „најголемо компромитирање на изборни податоци во историјата“ на претседателските избори во САД во 2020 година, повикувајќи се на декласифицирани разузнавачки извештаи од 2021 година.

Трамп рече дека Кина нелегално добила 220 милиони записи од американски гласачи, вклучувајќи имиња, контакт информации, партиски преференции и други чувствителни податоци, нарекувајќи го прекршувањето „невиден кошмар за безбедноста на изборите“. Претседателот на САД тврдеше дека Кина се обидела да ја „поткопа неговата прва администрација и неговата кампања во 2020 година“, како и дека се обидела да влијае на изборите за Конгресот во САД во 2018 година, кога демократите го освоија мнозинството во Претставничкиот дом.

Кинеската влада во петокот ги отфрли тие обвинувања нарекувајќи ги чисти измислици и злонамерни клевети, „кои одамна се разобличени како неосновани изјави“.  Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан изјави дека Кина нема интерес во американските избори, па никогаш не се мешала во нив и додаде дека светот „многу јасно гледа кој е тој што по навика се меша во внатрешните работи на други држави“. Пекинг го повика Вашингтон „да го преиспита сопственото однесување, да престане неосновано да ја оцрнува Кина, да не ја користи Кина како тема во изборната кампања и да направи повеќе за подобрување на односите меѓу Кина и  САД.

ИЗДВОЕНИ