Националниот џез-оркестар на 18 јули ќе настапи на фестивалот „Аирбит“ (AirBeat Festival) во Корча, Албанија, каде што ќе биде дел од главната фестивалска програма што ќе се одржи во Старата чаршија.
Фестивалот „Аирбит“ обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нова соработка и за заеднички креативни проекти.
На главната фестивалска вечер, под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез-оркестар ќе се претстави пред меѓународна публика, носејќи дел од современата македонска џез-сцена во атмосфера што ги поврзува музиката, културите и луѓето.












