петок, јули 17, 2026
Дома СКОПСКА Признанија и награди за првенците на генерација од Аеродром

Признанија и награди за првенците на генерација од Аеродром

97

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска им додели признанија на најдобрите ученици на генерацијата од основните училишта во Општина Аеродром за учебната 2025/2026 година. Покрај признанијата, секој од нив добива и еднократна парична награда во износ од 10.000 денари, како симбол на почит и благодарност за нивниот труд, знаење и посветеност.

-Благодарност до наставниците, директорите, стручните служби и семејствата, кои секојдневно ги охрабруваат и поддржуваат младите на патот кон успехот. Општина Аеродром ќе продолжи да ги поддржува и наградува младите таленти, затоа што тие се нашата најголема вредност и најсигурна инвестиција во иднината – истакнаа од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ