петок, август 21, 2026
Дома СВЕТ Трамп го отвора небото за приватни вселенски летови и бара од НАСА...

Трамп го отвора небото за приватни вселенски летови и бара од НАСА да врши комерцијален транспорт до Месечината

1
EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша меморандум чија цел е драстично да се зголеми бројот на комерцијални вселенски лансирања од САД, притоа наложувајќи низа што треба да ги спроведат владините агенции.

Белата куќа сака да овозможи најмалку 1.000 лансирања и враќања од вселената годишно до 2030 година, во споредба со 178 лансирања минатата година, бројка што е веќе десетпати поголема отколку во 2013 година, со доминација на „Спејс икс“ на Илон Маск.

Меморандумот, насочен кон развој на комерцијалниот вселенски сектор, ги повикува агенциите да го охрабрат заедничкиот развој на инфраструктурата за вселенски транспорт со партнери од приватниот сектор, да ги забрзаат процедурите за издавање дозволи и процена на влијанието врз животната средина и да обезбедат соодветен безжичен спектар за вселенски лансирања, пишува „Ројтерс“.

Трамп бара неколку владини агенции брзо да ги идентификуваат идните места за лансирање од државен посед и да одреди приоритетен воздушен простор за критичните коридори за лансирање во вселената. Тој исто така, сака да ги врати американските астронаути на Месечината до 2028 година. Меморандумот ѝ наложува на НАСА да овозможи комерцијален транспорт до Месечината и комерцијален роботски пристап до Марс, како и да истражи комерцијални начини за испраќање луѓе на Марс.

Директорот на Канцеларијата за наука и технологија на Белата куќа, Мајкл Крациос, рече дека новата национална политика за вселенски транспорт „одговара на момент на експлозивен раст и ја позиционира Америка на чело на следната ера на истражување на вселената“.

ИЗДВОЕНИ