Трагичен инцидент во Турција: Три лица загинаа, а две се заробени во урнатините по уривањето на седумкатна станбена зграда

217
Фото:принтскрин, видео Х

Седумкатна станбена зграда во северозападниот турски град Гебзе се урна рано утрово, при што загинаа двајца, а тројца други останаа заробени, сите петмина од исто семејство, изјави гувернерот на покраината Гебзе, Илхами Акташ, пренесе „Бета“.

Додека државната агенција Анадолу соопшти дека причината за уривањето е непозната, градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, им рече на новинарите дека тоа може да биде поврзано со работата на градилиштето за метро во близина.

Гебзе, дом на околу половина милион луѓе, се наоѓа на расед кој беше погоден од земјотрес со јачина од 7,6 степени во 1999 година, при што загинаа 18.000 луѓе.

Експертите долго време предупредуваат дека непочитувањето на градежните прописи е ризик во областите на Турција каде што земјотресите се чести.

Откако две лица загинаа кога се урна четирикатна зграда во градот Коња во јануари, сопствениците на продавници на приземјето од зградата се судат под сомнение дека рушеле потпорни столбови за да ги прошират своите продавници. Тие се соочуваат со затворска казна до 22 години.

ИЗДВОЕНИ