вторник, август 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Трагичен инцидент на риболов: Жител на Неготино се удавил во реката Вардар...

Трагичен инцидент на риболов: Жител на Неготино се удавил во реката Вардар кај селото Црвени Брегови

279

Безживотно тело доцна синоќа беше извлечено од водите на Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи.

„РЦУК – Велес, не известува дека тело на исчезнато лице во водите на река Вардар во с.Црвени Брегови-општина Неготино. Интервенираа ТППЕ Неготино со 7 пожарникари и екипа на ПС Неготино. Во 20.20 часот во близина на сепарацијата во Црвени Брегови во р.Вардар пронајдено е безживотно тело и истото е предадено на обдукција“, соопштија од ЦУК.

Според добиените податоци се работи за машко лице на 76 годишна возраст од Неготино.

На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР – Неготино, Ѓ.К., на возраст од 42 години од Неготино, пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К., 66-годишник од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара, дел од опремата за риболов пронашол во реката – појаснија од СВР – Велес.

ИЗДВОЕНИ