Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се искачи на 2.645, изјави денес претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез.
Родригез во обраќање на државната телевизија рече дека 12.666 лица се повредени во земјотресите, според моменталните податоци, и дека 6.462 лица се спасени, објави шпанскиот јавен радиодифузер RTVE.
Венецуела беше погодена од два силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала на 24 јуни, кои се случија во интервал од 39 секунди, а најтешко беа погодени крајбрежната држава Ла Гваира и главниот град Каракас.
По тие два разорни земјотреси, Венецуела беше погодена од повеќе од 600 последователни потреси, претежно со послаб интензитет, од кои еден беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, пренесува „Танјуг“.












