понеделник, август 24, 2026
Дома СВЕТ Трагедија во Русија: Остатоци од дрон паднаа врз градинка, загинаа две деца,...

Трагедија во Русија: Остатоци од дрон паднаа врз градинка, загинаа две деца, седум се повредени

53
EPA/MAXYM MARUSENKO

Две деца загинаа, а седум деца и двајца возрасни беа повредени кога остатоци од дрон на украинските вооружени сили паднаа врз приватна градинка во Краснодар, јужна Русија, а по нападот избувна пожар во магацините, изјави денеска гувернерот на Краснодар, Венијамин Кондратиев.

„Делови од дрон паднаа врз приватна градинка во Краснодар. За жал, две деца загинаа“, наведе Кондратиев во објава на платформата Макс, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека седум деца и двајца возрасни се повредени при падот на деловите од дронот.

Остатоци од дронот предизвикаа пожар во магацините, а спасувачите работат на гаснење на пожарот, а падот на остатоците од дронот оштети повеќекатници станбени згради и облакодер во изградба.

Руската компанија за онлајн продажба Озон соопшти дека нејзиниот објект во Краснодар бил погоден и дека вработените биле евакуирани, и дека нема повредени.

ИЗДВОЕНИ