вторник, јули 21, 2026
Дома БАЛКАН Трагедија кај Обреновац: Маж починал од струен удар додека го миел автомобилот

Трагедија кај Обреновац: Маж починал од струен удар додека го миел автомобилот

2469

Четририесет и седумгодишен маж загинал од струен удар додека го миел автомобилот во недела навечер во населбата Мала Моштаница во општината Обреновац во близина на Белград.

Како што пишува Телеграф, истрагата утврдила дека станува збор за несреќа. Мажот стоел на влажна трева, а струјниот удар го погодил кога го вклучил апаратот за перење под висок притисок за да го измие возилото.

Според информациите, тој дошол да ги посети пријателите околу 19 часот и решил да го измие возилото, но откако го вклучил уредот починал на местото на настанот. Пријателите повикале брза помош, но обидите да го реанимираат не успеале. Бидејќи станува збор за несреќа, не е наредена обдукција на телото на загинатиот.

ИЗДВОЕНИ