вторник, јули 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Андоновска: Очекувам резултатите и сите докази да не одведат до причината за...

Андоновска: Очекувам резултатите и сите докази да не одведат до причината за труењето и лоцирање на одговорноста

310

Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска на прес-конференција во Владата кажа дека не може да ги соопшти резултатите од испитување на водата за пиење во Гостивар во интерес на истрагата.

„Потенцирано ми е дека резултатите треба да ги испратиме во ЈО и во интерес на истрагата од таму треба да ги објават. Во очекување сме дека резултатите со сите докази ќе не одведат до одговорноста од оној што треба и до отсранување на проблемот. Ова е од интерес на истрагата, важно е да се најде причинителот , но уште поважно е да се лоцира одговорноста, кажа Андоновска.

Од ЈО Гостивар сеуште не кажуваат дали имало фекални бактерии во водата од градскиот водовот во Гостивар, сомнежите се дека од водата се заразиле 3100 граѓани од минатата недела до денеска.

Од ЈО велат дека  и натаму презема истражни дејствија за прибирање докази. „Сите прибрани докази до овој момент, како и доказите кои допрва се очекува да бидат доставени се анализираат за да се утврди состојбата од која ќе произлезе правна квалификација на евентуално сторено кривично дело и идентификација на сторителите. Постапката се уште е во фаза на предистрага која е тајна. Веднаш по утврдување на сите околности и донесување на соодветна јавнообвинителска одлука јавноста ќе биде запознаена“, соопштија од ОЈО на новинарското инсистирање за објавување на резултатите од анализираната вода за пиење. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ