вторник, јули 21, 2026
Дома БАЛКАН Траект полн со патници се судри со брод! Камерите ја снимија драмата...

Траект полн со патници се судри со брод! Камерите ја снимија драмата кај Крит/ВИДЕО

45
screenshot/ X/ in.gr/news

Камерите го снимија моментот кога патничкиот ферибот „Елирос“ и товарниот брод „Јосиф К“ се судрија во пристаништето Суда. Во моментот на несреќата, траектот „Елирос“ пловел на редовна линија кон Пиреја со 100 патници, 32 патнички автомобили и 74 камиони. Во исто време, товарниот брод, кој превезувал 84 камиони, изведувал маневар за застанување во пристаништето.

Видеото ги прикажува драматичните секунди во кои двата брода се приближуваат еден кон друг на неколку метри, по што се случува судир што не можел да се избегне.

 

И покрај силниот удар, во поморската несреќа нема повредени и немало истурање на гориво или загадување на морето.

Товарниот брод бил закотвен во пристаништето по инцидентот во присуство на пристанишните власти, кои ги истражуваат точните околности под кои се случил судирот.

За двата брода, пловењето е привремено забрането додека не се извршат технички прегледи и не се издаде сертификат за пловидба.

ИЗДВОЕНИ