вторник, јули 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Дрво повреди 86-годишна скопјанка, а во нејзината чанта била пронајдена експлозивна направа

Дрво повреди 86-годишна скопјанка, а во нејзината чанта била пронајдена експлозивна направа

88

Осумдесет и шестгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако врз неа паднало дрво на подрачјето на Карпош, а при потрагата по нејзината чанта била пронајдена експлозивна направа, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, настанот бил пријавен на 20 јули околу 20:25 часот, во СВР Скопје. По падот на дрвото, К. М. (86) од Скопје била пренесена во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“, каде што ѝ била укажана лекарска помош, а лекарите констатирале тешка телесна повреда. Во меѓувреме, граѓанин што ја барал нејзината чанта, пронашол експлозивна направа. Таа подоцна била подигната од местото на настанот за понатамошна постапка. За случајот бил известен јавен обвинител, а надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

ИЗДВОЕНИ