„Топ Ган 3“ официјално е во подготовка, а Том Круз повторно ќе ја игра главната улога, потврди „Парамаунт Пикчерс“ за време на презентацијата на настанот CinemaCon во Лас Вегас, пишува „Варајети“.
Top Gun 3 is officially in the works
Tom Cruise is set to return pic.twitter.com/qQ4o6svd91
— Complex Pop Culture (@ComplexPop) April 16, 2026
Заедно со Круз, се враќа и продуцентот Џери Брукхајмер, кој беше клучна фигура во претходните епизоди од франшизата.
Третиот дел доаѓа по огромниот успех на филмот „Топ Ган: Маверик“, кој заработи дури 1,5 милијарди долари низ целиот свет и стана еден од најголемите кино хитови во постпандемискиот период.
Во филмот од 2022 година, Круз се врати во улогата на пилотот Пит Маверик Мичел 36 години по оригиналниот „Топ Ган“.
Заплетот го следи неговото враќање во елитно училиште за пилоти каде што обучува нов генерација пилоти за опасната мисија.
Филмот беше и последното појавување на актерот Вал Килмер како Ајсмен, пред неговата смрт во 2025 година.
Детали за заплетот за „Топ Ган 3“ сè уште не се откриени, но со оглед на успехот на претходното продолжение, очекувањата на публиката и индустријата се исклучително високи.












