четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Си Џинпинг со четири предлози за зачувување на мирот и стабилноста на...

Си Џинпинг со четири предлози за зачувување на мирот и стабилноста на Блискиот Исток

98

МИРЕН СОЖИВОТ, НАЦИОНАЛЕН СУВЕРЕНИТЕТ, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, БЕЗБЕДНОСТ И РАЗВОЈ

Кинескиот претседател Си Џинпинг изнесе четири предлози за зачувување и унапредување на мирот и стабилноста на Блискиот Исток, за време на средбата со престолонаследникот на Абу Даби, шеик Калед бин Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Предлозите на Џипинг опфаќаат да се остане посветен на принципот на мирен соживот, да се остане посветен на принципот на национален суверенитет, на принципот на меѓународното владеење на правото, и потенцира дека безбедноста е предуслов за развој, а развојот е гаранција за безбедност.

-Земјите од Заливот на Блискиот Исток се блиски соседи кои не можат да се оттурнат едни од други. Важно е да се поддржат во подобрување на меѓусебните односи, да се работи на изградба на заедничка, сеопфатна, кооперативна и одржлива безбедносна архитектура на Блискиот Исток и регионот на Заливот, и да се зацврсти основата за мирен соживот. Суверенитетот е основа за опстанок и развој на сите земји, особено на земјите во развој, и не смее да се нарушува. Суверенитетот, безбедноста и ериторијалниот интегритет на земјите од Заливот треба искрено да се почитуваат, а безбедноста на нивниот персонал, објекти и институции енергично да се штити. Важно е цврсто да се поддржи меѓународниот систем со Обединети нации во негово јадро, меѓународниот поредок заснован на меѓународното право и основните норми на меѓународните односи, засновани врз целите и принципите на Повелбата на ОН. Да се остане посветен на балансиран пристап кон развојот и безбедноста. Сите страни треба да работат на создавање здрава средина и да внесат позитивна енергија во развојот на земјите од Заливот. Кина е подготвена да ги сподели можностите од кинеската модернизација со земјите од Заливот и заедно со нив да создаде плодна основа за регионален развој и безбедност, стои во предлозите за зачувување и унапредување на мирот и стабилноста на Блискиот Исток, што кинескиот претседател ги изнесе за време на средбата со шеикот Калед бин Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

ИЗДВОЕНИ