Американскиот претседателот Доналд Трамп, во разговор со новинарите пред Белата куќа во пресрет на неговото заминување во Лас Вегас, ијзави дека примирјето во Либан го опфаќа и „Хезболах“. Тој најави дека ќе се сретне со изаелскиот премиер и либанскиот претеседател, но не прецизираше кога.
Прашан за неговата јавна расправија со папата Лав XIV, кој претходно во текот на денот ги критикуваше „тираните“ кои трошат милијарди на војна, Трамп одговори: „Многу е важно Папата да разбере… Иран уби 42.000 целосно невооружени луѓе“. Тој повтори дека Иран не смее да има нуклеарно оружје и рече дека Папата мора да го разбере тоа.
На прашањето дали би се сретнал со Папата за да „ги решат разликите“, Трамп кратко рече: „Не мислам дека има потреба од тоа“. Новинарите го прашаа и дали е загрижен дека судирот со Папата може да ги вознемири неговите католички гласачи. „Не, не, не, не сум загрижен. Морам да го правам она што е исправно“, рече тој.
Сепак, тој малку го омекна тонот кога зборуваше за својата гласачка база. „Немам ништо против Папата“, рече тој, но додаде: „Не морам да се согласувам со Папата… Имам право да не се согласувам со Папата“. Конечно, тој спомена дека го познава братот на Папата, за кого вели дека е „тотален МАГА“.












