Лоши вести пристигнаа од редовите на Реал Мадрид откако официјално потврдија дека Усман Гаруба „заработил“ целосно кинење на Ахиловата тетива на левата нога. Дваесет и четиригодишниот шпански репрезентативец се повреди на натпреварот против Валенсија, кога на почетокот од последната четвртина падна на паркетот и веднаш беше јасно дека станува збор за сериозна повреда. Лекарската екипа веднаш реагираше, а Гаруба со помош на соиграчите го напушти теренот бидејќи не можеше сам да оди.

По деталните прегледи, од Реал потврдија дека станува збор за една од најтешките спортски повреди и дека кошаркарот во наредните денови ќе биде подложен на операција.

Гаруба оваа сезона одигра 40 натпревари во Евролигата и имаше важна улога во тимот, особено по повредата на Валтер Таварес.

Неговото отсуство беше силно почувствувано и во финалето на Евролигата, каде што беше поразен Реал со 92:85 од Олимпијакос.

ИЗДВОЕНИ