вторник, октомври 20, 2026
Дома МАГАЗИН Тетовецот Јован Хаџиев со лавина овации – „IDJ Pepsi Show“ е уште...

Тетовецот Јован Хаџиев со лавина овации – „IDJ Pepsi Show“ е уште едно балканско шоу во кое блескаат пејачите од Македонија

14

Седумнаесетгодишниот Јован Хаџиев од Тетово е згодно и атрактивно момче, со одлични интерпретаторски можности, еден од македонските музички таленти кои добија простор да ги покажат своите способности на сцената во популарното релативно ново балканско музичко натпреварување „Ај-ди-џеј Пепси шоу“. Хаџиев, при првиот обид да постигне успех и да го освои жирито составено од Сека Алексиќ, Наташа Беквалац и Реља Поповиќ, настапи со популарната песна „Мјеркам те, мјеркам“ од репертоарот на славниот Здравко Чолиќ.Неговата интерпретација беше одлична и предизвика хаос од добри коментари без разлика на тоа што само Наташа Беквалац не сакаше да го пофали нашиот Хаџиев. Поради тоа, Наташа вербално беше нападната од страната на Сека Алексиќ. Таа на Наташа опасно ѝ пререче дека мора да внимава на зборовите кога критикува.

Реља Поповиќ го пофали пеењето и сценскиот настап на тетовецот. Сека беше воодушевена од неговата харизма, симпатичноста и способноста да владее со сцената, како и со специфичниот имиџ. Притоа Јован отпеа и дел од песната „Ноќеска не ми се спие“, на што Алексиќ на Беквалац пак и „загрме“ велејќи ѝ дека треба да се „смири“, добро размислувајќи пред да го каже коментарот. Тоа предизвика различни реакции во самото студио, но воедно настапот на Хаџиев стана уште поинтересен за публиката.Јован е познат и како голем љубител на животните, сака да јава коњи, а сака и да се дружи со познатите, па еден од идолите му е и шоуменот Игор Џамбазов. Секако дека на Хаџиев му даваме максимална поддршка за понатамошни успеси и уште подобри атрактивни настапи.      (Д. М.) фото:ФБ

 

ИЗДВОЕНИ