„Вито тело за гледање, дуге ноге за играње…“ вака се пее во една од хит-песните на Лепа Брена, а всушност, стиховите како да се наменети, кога ќе ја видите, токму за популарната ТВ-водителка и новинарка, Милена (Антовска-Станковска), од ТВ-Канал 5. Згодната Милена позира во стилизираниот фустан-ноќница, кој ѝ стои совршено.
Во прв план се нејзините долги секси манекенски нозе, а самиот овој (дневен) свечен фустан-ноќница е карактеристичен по ултратенките прерамки, со должината до подот, и со изразениот, длабок прорез. Целиот изглед Милена го заокружи со нежни женствени златни сандали со високи потпетици, додека косата ѝ е стилизирана со рамна фризура пуштена преку заводливиот грб. (Д. М.)












