сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тешка верижна сообраќајка на Булевар „Словенија“ во Скопје: Се судриле „ауди“, „мазда“...

Тешка верижна сообраќајка на Булевар „Словенија“ во Скопје: Се судриле „ауди“, „мазда“ и камион, двајца се повредени

297

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на булевар „Словенија“ во Скопје.

Во несреќата, информира МВР, учествувале два автомобили и едно товарно возило.

„Денеска (14.04.2026) во 15:30 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода на булевар „Словенија“ помеѓу патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки управувано од И.И.(45), патничко возило „мазда” со пробни регистарски ознаки управувано од С.А.(31) и товарно возило со кумановски регистарски ознаки управувано од И.К.(37) од Куманово. Од незгодата со повреди се здобиле две лица кои со возила на Итна медицинска помош се пренесени во медицинска установа за укажување помош“ – соопшти МВР за Курир.мк.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

ИЗДВОЕНИ