вторник, јули 21, 2026
Дома БАЛКАН Во Грција како во фурна: Термалните камери измерија 60 степени на патиштата,...

Во Грција како во фурна: Термалните камери измерија 60 степени на патиштата, на покривите над 75 степени Целзиусови

368

Грција е на удар на топлотен бран, а според грчките медиуми, термалните камери регистрирале температури до 60 степени Целзиусови на асфалтот на патиштата и дури 75 степени Целзиусови на покривите на зградите во некои области.

Според податоците од мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната метеоролошка опсерваторија во Атина (meteo.gr), највисоката температура е забележана во Риза во Коринт, Макракоми во Фтиотида и Оленио во Илија, каде што живата достигна 41,1 степен Целзиус, објавува порталот „Катимерини“.

Екстремната топлина веќе зафати дел од Грција, бидејќи температурата од 40 степени Целзиусови беше надмината на повеќе од 24 метеоролошки станици.

Според податоците од Атинската метеоролошка опсерваторија, максималните вредности на 159 метеоролошки станици во Грција беа над 37 степени Целзиусови, што го потврдува интензитетот и географскиот опсег на феноменот на топлотен бран оваа година, објавува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ