ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП-групацијата, втора година по ред е добитник на сертификатот Great Place To Work® (март 2026 – март 2027), откако минатата година ја доби по прв пат.

– Престижната награда целосно се базира на она што го кажуваат сегашните вработени за нивното искуство во работењето во ТАВ Македонија. Сертификацијата доаѓа по темелна евалуација на политиките на компанијата и практиките на работното место, преку анкета на вработените.

– Добивањето на овој сертификат по втор пат е особено значајно. Тоа не само што одразува кои сме туку и покажува како продолжуваме да растеме. Покажува дека нашата посветеност на слушање, подобрување и поддршка едни на други не е еднократно вложување, туку постојан приоритет. Ова признание им припаѓа на сите вработени. Тоа е изградено врз секојдневна посветеност, тимска работа, професионализам и почитта што ја покажуваме едни кон други. Тоа се одразува во начинот на кој ги управуваме нашите аеродроми, меѓународниот аеродром „Скопje“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, со гордост, одговорност и грижа. Во исто време, ова не треба да го гледаме како крајна цел, туку како мотивација. Одржувањето на навистина одлично работно место бара континуирано внимание, отвореност и заложба. Нашата цел останува јасна: да продолжиме да ја зајакнуваме културата каде што луѓето се чувствуваат ценети, слушнати и инспирирани да го дадат својот максимум. Би сакал да им се заблагодарам на сите вработени за нивниот придонес, енергија и посветеност. Заедно, ќе продолжиме да градиме работно место во кое сите ќе сме горди што сме дел од него – рече Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

– Сертификацијата Great Place To Work® е многу посакувано достигнување кое бара постојана посветеност на целокупното искуство на вработените – вели Сара Луис-Кулин, потпретседател за глобалното признание во Great Place To Work®.

Таа нагласува дека сертификацијата е единственото официјално признание што се добива врз основа на повратни информации од вработените во реално време за културата на нивната компанија.

– Со успешното стекнување на ова признание, очигледно е дека ТАВ Македонија се издвојува како една од најдобрите компании за работа, обезбедувајќи одлична работна средина за своите вработени – истакна таа.

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, која има 30-годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

ИЗДВОЕНИ