четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ТАРАВАРИ: Шестмина од пациентите се во многу критична состојба

ТАРАВАРИ: Шестмина од пациентите се во многу критична состојба

101

Шестмина од пациентите што се на лекување во странство се во многу критична состојба – двајца во Љубљана и четири пациенти во Воено-медицинската академија во Белград, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

„Петмина од вкупно 115 пациенти што сега се лекуваат во странство идната недела ќе се вратат во земјава“, додаде Таравари. „Ќе бидат прифатени прво во трите болници во Скопје и по тријажата ќе биде утврдено дали ќе бидат задржани или веднаш ќе бидат пуштени на домашно лекување“.

Таравари додаде дека од Италија се планира еден испис, од Шпанија се планираат два, од Шведска еден и од Австрија два исписи. „Според информациите кои што ги добиваме од овие болници, пациентите дури можат да се вратат со комерцијални летови“, рече Таравари.

Пациентите во Македонија генерално се лекуваат од изгореници, некои од скршеници за кои бил потребен оперативен зафат, но и од изгореници на слузокожата на дишните патишта и токсичност, додаде министерот.

ИЗДВОЕНИ