четврток, јули 9, 2026
Дома СВЕТ Тајните преговори меѓу Иран и САД на раб на пресврт: Објавени се...

Тајните преговори меѓу Иран и САД на раб на пресврт: Објавени се нови правила за Ормускиот теснец

243

Иран потврди дека со Соединетите Американски држави е постигнат напредок во договорот за повеќето спорни прашања, додека Техеран ја истакнува клучната улога на Пакистан и ги негира тврдењата за скоро постигнување на конечен договор.

Официјален Техеран соопшти дека Соединетите Американски Држави и Иран по повеќемесечна тајна дипломатија, оствариле напредок во договорот околу повеќето спорни прашања кои ги оптоваруваа односите на двете земји, но без навестување дека е блиску конечен договор.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи наведе дека преговорите се движат во позитивна насока, но нагласи дека тоа не значи скоро завршување или потпишување конечен документ.

Багаи ја разјасни и улогата на посредник, истакнувајќи дека Пакистан е официјален и главен медијатор меѓу Иран и САД во целиот процес, додека одредени други регионални земји имаат придружна улога.

Тој ги демантираше медиумските наводи за посетата на катарскиот емир во Техеран, наведувајќи дека наместо тоа престојувал заменик-секреарот на Врховниот совет за национална безбедност на Катар во рамки на дипломатска консултација.

Според него, нуклеарното прашање во моментот не е предмет на разговорите, затоа што преговорите се фокусирани на стабилизацијата и прекинот на воените дејства во регионот.

Во делот кој се однесува на идните чекори, Багаи наведе дека во моментот не се планирани нови патувања на делегации меѓу Иран и Пакистан, но дека посетите се можни доколку се укаже потреба за дополнителни консултации.

Во посебен сегметн за регионалната безбедност, Иран и Оман работат на изработкана заеднички протокол за безбеден премин ана бродови низ Ормускиот теснец.

Багаи нагласи дека управувањето со овој теснце е прашање кое се однесува исклучиво на крајбрежните држави и откри дека Иран и Оман веќе сериозно составуваат протокол за безбеден премин на бродовите.

Тој нагласи дека Оманскиот теснец нема да наплажа класична патарина, но порача дека е сосема природно за заштитата на тоа подрачје и за сите услуги кои ќе им бидат понудени на трговските флоти да се воведе наплата со обврзни такси и надомести.

 

ИЗДВОЕНИ