четврток, јули 9, 2026
Дома СКОПСКА Свлечиште кај ново градилиште во Скопје: Koлапс на земјиштето на булеварот „Теодосиј...

Свлечиште кај ново градилиште во Скопје: Koлапс на земјиштето на булеварот „Теодосиј Гологанов, оштетена е цела инфраструктура“

106
Foto: Printscreen/Video/Vo odbrana na Bunjakovec

Иницијативата „Во одбрана на Буњаковец“ објави фотографии и предупреди за свлечиште на спојот меѓу улицата „Христо Смирненски“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“, кај поранешен „Иво Лола Рибар“ во Скопје.

Според објавата, дошло до колапс на земјиштето под асфалтот во близина на ново градилиште, за кое тврдат дека работело и за време на државниот празник.

„Оштетена е целата инфраструктура – кабли за струја, телекомуникации… Дали се загрозени и коловозите и тротоарите на булеварот и улицата – проценете сами“, напишаа од иницијативата.

Од таму алармираат дека состојбата може да претставува ризик и за околната инфраструктура, додека засега нема официјална реакција од надлежните институции за причините и евентуалната опасност од дополнителни оштетувања.

ИЗДВОЕНИ