петок, октомври 23, 2026
Дома СВЕТ Тајфунот „Чампи“ стигна до Тајван: Евакуирани околу 1.300 луѓе

Тајфунот „Чампи“ стигна до Тајван: Евакуирани околу 1.300 луѓе

0

Училиштата и продавниците во Тајван денеска беа затворени, а стотици летови беа откажани додека тајфунот „Чампи“ – кој донесе силни ветрови и обилни врнежи – поминуваше покрај островот, пренесува „Ројтерс“.

 

Претходно оваа недела, тајфунот го достигна својот врв со брзина на ветерот од 298 километри на час.

Како што се приближуваше кон Тајван од југозапад, тој ослабна, а брзината на ветерот се намали на 155 километри на час.

Според прогнозите, центарот на бурата ќе остане над морето додека поминува покрај североисточниот дел на островот, по што ќе продолжи да се движи кон север, кон југозападните јапонски острови.

Метеоролошката служба на Тајван ги повика жителите во крајбрежните области да избегнуваат активности на отворенo,пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ