Јасмин, на Сузана никогаш ѝ нема направено скандал, љубоморни сцени или проблеми затоа што како пејачка застанува прегрната со некој да се фотографира, да го бакне во образите, заедно да запее. – Сето тоа е дел од нејзината професионална работа, од која заработува за семејството, вели тој. Вакви разумни мажи и менаџери многу ретко се среќаваат во тие естрадно-брачни комбинации.
Нашата многу популарна фолк-пејачка Сузана Гавазова, која е сè уште актуелна со хитот „Бум, бум“ и која важи и за една од најзгодните, долги години е во среќен брак со Јасмин Курузовиќ. На неа тоа ѝ е прв брак, на Јасмин втор. Сузана и Јасмин во својот брак имаат две слатки ќеркички. Јасмин, пак, од претходниот брак го има синот Емил, кој неодамна стана татко, а со тоа Јасмин стана среќен дедо.
Љубовната приказна на Гавазова и на Јасмин почнала по случајна средба кај нивниот сегашен кум. Во тоа време кога Јасмин живеел во Шведска, а пејачката во Македонија, Сузана често одела на настапи во таа скандинавска земја, во која, поради своите естрадни обврски, сепак, не наоѓала толку многу слободно време за да биде заедно со Јасмин.
Нивната љубовна врска прво се одвивала најмногу преку мобилните телефони и социјалните мрежи, а дури потоа и преку директни контакти. Така што, љубовната врска им се развивала спонтано, а подоцна, кога сето тоа застанало на сигурни нозе, тие двајцата ја крунисаа својата искрена љубов со брак.
Јасмин важи за исклучително разумен семеен човек, кој подеднакво се грижи и за децата од првиот брак, како и за децата од овој брак со Гавазова. Почитуван е и сакан во секое друштво. На Сузана никогаш ѝ нема направено скандал, љубоморни сцени или проблеми затоа што како пејачка застанува прегрната со некој да се фотографира, да го бакне во образите, заедно да запее.
– Сето тоа е дел од нејзината професионална работа, од која заработува за семејството, логично вели Јасмин.
Деновиве, нивното хармонично семејство сподели уште еден многу среќен момент. Сè уште пристигаат честитки од сите страни. И самата Сузана покажа дека многу се израдува со тоа што Емил, синот на Јасмин добил син, што Јасмин стана дедо.
– Ни дојде уште една голема радост. Нашиот Емил, доби син. Среќата не се опишува. Срцата ни се полни со љубов и благодарност. Сега сите заедно прославуваме. Нека е жив, здрав, благословен, со безброј насмевки и со незаборавни моменти… порача меѓу другото, радосната фолк-ѕвезда, Гавазова. (Д. М.)












