среда, јули 15, 2026
Дома БАЛКАН Супер вторникот во Брисел ги исполни очекувањата на Црна Гора, Албанија, Молдавија...

Супер вторникот во Брисел ги исполни очекувањата на Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина: Едни затворија поглавја, други почнаа преговори со ЕУ

36

Европската Унија и Црна Гора во вторникот привремено ги затворија преговорите за три поглавја, со што бројот на привремено затворени поглавја од преговорите се искачи на 18 од вкупно 33 отворени, објави Советот на Европската Унија. Молдавија и Украина ги почнаа преговорите во рамките на групата 6 – надворешни односи, додека Албанија привремено ги затвори првите три поглавја од преговорите.

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека затворањето на поглавјата за преговори со Црна Гора веќе станал „познат процес“, кој се приближува кон својот крај.

– Боботов Кук, се приближуваме кон тебе – рече таа, алудирајќи на претходното ветување да се искачи на највисокиот врв на Дурмитор кога ќе стане Црна Гора членка на Европската Унија.

Таа рече дека во четвртокот се одржале четири меѓувладини конференции со четири земји кандидатки, што не се случило од 2002 година. Додаде дека целта на Европската комисија, а се надева и на земјите членки и на земјите кандидатки, е полноправно членство во ЕУ со целосни одговорности и со еднакви права.

 

ИЗДВОЕНИ