среда, јули 15, 2026
Дома КУЛТУРА „Одисеја“ премиерно на 16 јули во „Синеплекс“; Најочекуваниот филм годинава и пред...

„Одисеја“ премиерно на 16 јули во „Синеплекс“; Најочекуваниот филм годинава и пред македонската публика

98

Можеби, еден од најочекуваните филмови годинава е „Одисеја“ (The Odyssey) на Кристофер Нолан кој македонската публика премиерно ќе може да го види на 16 јули во киното „Синеплекс“.

Филмот е базиран на епот на Хомер за Одисеј и неговиот пат кон дома, по Тројанската војна. Одисеј се соочува со опасно патување назад кон Итака, среќавајќи се со различни митолошки суштества.

Главната улога во филмот ја толкува Мет Дејмон, а во другите настапуваат Том Холанд, Ен Хатавеј, Роберт Патинсон, Лупита Њонго, Зендаја, Шарлиз Терон.

Премиерно „Одисеја“ веќе се прикажа во Лондон, Париз и Њујорк, а холивудските ѕвезди промовирајќи го филмот блескаа со своето присуство и прекрасни тоалети на црвениот тепих на овие настани.

Како што е познато, Нолан, добитник на „Оскар“ за „Опенхајмер“, беше “критикуван“ за изборот на актерите за одредени ликови во оваа холивудска адаптација на класичната епска поема на Хомер, што можеби претставува ПР финта за да се заинтригира публиката да го погледне најновото остварување на познатиот режисер.

ИЗДВОЕНИ