Скијачката сезона ќе стартува на 15 декември во Маврово. Ски центарот е подготвен да ги прими скијачите, само се чека да падне пообилен снег на падините на Бистра планина.

Трите жичарници се сервисирани, сменети се две сајли, купен е и нов ратрак, сите имаат безбедносни сертификати, проверени се и се во функција. Билетите за скијање не се променети од ланскиот ценовник.











