четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Бројот на жртви се искачи на десет: Во болница почина уште еден...

Бројот на жртви се искачи на десет: Во болница почина уште еден од тешко повредените ученици во училиштето во Турција

64
screenshot X

Бројот на жртви од пукотницата во средното училиште во Турција се искачи на 10, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифчи.

Тој рече дека ранетиот ученик Јусуф Тарик Ѓул починал денеска во болница и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот.

„Има 13 повредени. Шестмина од ранетите се на интензивна нега. Тројца од нив се во критична состојба“, рече Чифчи.

Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени во пукотница во средното училиште „Ајсер Чалик“ во југоисточната покраина Кахраманмараш, а според последните информации, денес почина уште едно лице кое се бореше за живот во болница.

Наставничката по математика, Ајла Кара, и девет ученици беа убиени во нападот додека ги заштитувала своите ученици.

Напаѓачот, 14-годишниот Иса Арас Мерсили, исто така почина во инцидентот.

„И тој почина. Се застрела за време на хаосот. Дали станува збор за самоубиство или се застрелал за време на хаосот, засега е непознато“, изјави гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер.

Тој рече дека причините за нападот сè уште не се познати и дека е во тек детална истрага.

Четиринаесетгодишен ученик отвори оган врз две училници во средно училиште во Турција во среда, што е второ такво пукање во земјата за два дена.

Тој дошол во училиште вооружен со оружје за кое се верува дека му припаѓа на неговиот татко, пензиониран полицаец, рече гувернерот Унлуер, додавајќи дека носел пет огнени оружја и седум патрони што најверојатно ги зел од својот татко, поранешен полицаец, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ