вторник, септември 1, 2026
Дома БАЛКАН Среќен крај на потрагата: Српската државјанка пронајдена жива и безбедна по поплавите...

Среќен крај на потрагата: Српската државјанка пронајдена жива и безбедна по поплавите во Непал

1
EPA/NARENDRA SHRESTHA

Српската државјанка Ениса Лековиќ од Нови Пазар, по која се трагаше по катастрофалните поплави во Непал, е пронајдена жива и е безбедна. Добрата вест ја потврди нејзината ќерка Инес, која на својот Фејсбук профил објави дека семејството добило фотографија со која се потврдува дека Ениса е добро.

Според неа, Ениса моментално е на пат кон Катманду, со што заврши неколкудневната неизвесност и потрага по неа. Инес ја искористи оваа можност да им се заблагодари на сите што помогнаа во потрагата по нејзината мајка, како и на оние што го поддржаа семејството и беа со нив во овој тежок период.

Фото: Facebook

Катастрофалните поплави на кинеско-непалската граница однесоа најмалку 987 животи во Непал, објави во вторник надлежниот орган за управување со вонредни состојби, со што вкупниот број на жртви достигна над 1.000.

ИЗДВОЕНИ