петок, октомври 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се намалува бројот на хоспитализирани од вирусот западнонилска треска

Се намалува бројот на хоспитализирани од вирусот западнонилска треска

303

Се намалува бројот на хоспитализирани од вирусот западнонилска треска, неделава се хоспитализирани петмина, а на Клиниката за инфективни болести на лекување се 19-мина пациенти, тројца се екстубирани и нивната состојба се подобрува, двајца се на респиратор –станува збор за повозрасни мажи што имаат и други болести, кажа директорот на Инфективна, Фадил Цана, на прес-конференција со новинарите.

Според досегашната статистика што ја направиле во Министерството за здравство, има 55 случаи на заболени од вирусот, кој се добива по убод од тигрест комарец, а 52 се на болничко лекување. Министерот Сашо Клековски рече дека во моментов мапирањето на болни е во Скопје Север, за разлика од почетокот на епидемијата, кога најголем дел од заболените беа од јужната страна на градот, кај Скопско Поле.

Клековски објави дека уште еден мртов гавран е позитивен на вирусот. Бил пронајден во скопски Карпош, во близина на Драмски театар.

– Ги замолувам граѓаните да пријавуваат мртви гаврани, не и птици во распаѓање. Во иднина ќе се фокусираме на мртвите птици надвор од Скопје – рече Клековски.

Во земјава досега, од вирусот западен нил се починати вкупно шестмина мажи. Според министерот, смртноста е 11,5 %, лекувањето трае околу две недели, а најмногу хоспитализирани на Клиниката имало на средината од август. Првиот болнички случај бил во мај, а растот почнал на средината од јули. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ