Постои можност за средба со претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, во Кина, изјави денеска, рускиот претседател Владимир Путин.
За време на средбата со Стив Виткоф, специјален пратеник на американскиот лидер, рускиот претседател навести дека има намера да сподели одредени размислувања во врска со можна средба со Трамп во Кина.
„Прашања како што се решавањето на кризите во Украина и во Персискиот Залив, заедно со други теми, секако би можеле да бидат во центарот на нашиот разговор – вклучително и можноста за средба со Трамп во Народна Република Кина. Имам одредени идеи за ова што би сакал да ги споделам со вас“, рече Путин, обраќајќи му се на Виткоф, пренесува агенцијата ТАСС.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, подоцна изјави дека е можна трилатерална средба меѓу Путин, Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, иако сè уште нема утврдена агенда, пренесува Танјуг.
Тој напомена дека една таква средба би привлекла внимание од светски размери.










![[Интервју] Нина Елзесер: Наивната искрена љубов кон ликовите во минатото ме направи она што сум денеска](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/10/dsc_3380-100x70.jpg)

