среда, октомври 21, 2026
Дома СВЕТ Марин ле Пен убедливо најпопуларна во Франција: Ако изборите се одржат сега,...

Марин ле Пен убедливо најпопуларна во Франција: Ако изборите се одржат сега, би победила со 68% од гласовите

0
EPA/Christian Hartmann

Марин Ле Пен, кандидатката на француската десничарска партија „Национален собир“, би можела да освои меѓу 34 и 38 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори – што е речиси двојно повеќе од поддршката за нејзиниот главен ривал од левицата, Жан-Лук Меланшон.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата за јавното мислење, спроведена од институтот „Ифоп“ (Ifop), за што извести телевизијата БФМ (BFM TV).

Истражувањето, спроведено шест месеци пред првиот круг, покажува дека Меланшон би добил околу 20 отсто од гласовите. Сепак, тој има предност пред Едуар Филип и Рафаел Глуксман, кои исто така се појавуваат како потенцијални кандидати за влез во вториот круг.

Глуксман, кој го претставува социјалдемократскиот табор, може да смета на поддршка од околу 15 отсто од гласачите, додека поддршката за Филип се движи меѓу 12 и 16 отсто.

Доколку во вториот круг се соочи со Меланшон, Ле Пен би остварила убедлива победа со 68 отсто од гласовите, покажуваат резултатите од анкетата.

Меѓу другите потенцијални кандидати, Бруно Ретајо, претседателот на партијата „Републиканци“, би можел да освои меѓу пет и седум отсто од гласовите. Давид Лиснар, градоначалникот на Кан – чија популарност расте во последните недели – ужива поддршка од околу седум отсто од испитаниците.

Според истото истражување, претставничката на зелените, Марин Тонделие, би можела да добие меѓу 2,5 и 3 отсто од гласовите.

ИЗДВОЕНИ