среда, јули 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Директорот на Бирото за јавна безбедност: Бегалецот е пронајден и лишен од...

Директорот на Бирото за јавна безбедност: Бегалецот е пронајден и лишен од слобода, никој не може трајно да избега од правдата

15

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, соопшти дека бегалецот кој во петокот избега од Полициската станица во Кочани е пронајден и лишен од слобода во Скопје, нагласувајќи дека никој не може трајно да избега од правдата.

„Синоќа беше детектиран, лоциран и лишен од слобода бегалецот од Кочани. По интензивна потрага, лицето кое во петокот побегна од просториите на Полициската станица Кочани е пронајдено и приведено во Скопје“, изјави Јанев.

Тој истакна дека случајот е доказ дека секој што се обидува да ја избегне правдата, порано или подоцна ќе се соочи со законот.

„Никој не е недопирлив и никој не може трајно да избега од одговорност“, порача директорот на БЈБ.

Јанев нагласи дека пронаоѓањето на бегалецот не значи и крај на постапката, бидејќи внатрешната истрага за неговото бегство продолжува.

„Секој што со постапување или непостапување придонел за овој настан ќе сноси одговорност согласно закон и утврдените процедури. Должни сме да бидеме отчетни, транспарентни и да постапуваме со интегритет. Без разлика што лицето е повторно лишено од слобода, пропустите мора да бидат утврдени, а одговорност мора да има“, истакна тој.

Воедно, Јанев им се заблагодари на полициските службеници и раководството на СВР Скопје за, како што наведе, брзата, професионална и посветена акција, додавајќи дека полицијата останува цврсто посветена на борбата против криминалот и заштитата на безбедноста на граѓаните.

ИЗДВОЕНИ