вторник, октомври 20, 2026
Дома СВЕТ Според анкета на „Ројтерс“/„Ипсос“: Рејтингот на Трамп падна на ново историско ниско...

Според анкета на „Ројтерс“/„Ипсос“: Рејтингот на Трамп падна на ново историско ниско ниво од 31 отсто

24
EPA/JIM LO SCALZO

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на 31 отсто – ново историско ниско ниво од почетокот на неговата политичка кариера – додека Американците изразуваат загриженост поради растот на цените на горивата и покажуваат подготвеност да ја казнат Републиканската партија на изборите на 3 ноември, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Ова ново ниско ниво, утврдено преку четиридневна анкета на „Ројтерс/Ипсос“ (Reuters/Ipsos) што заврши во понеделникот, претставува пад од еден процентен поен во однос на рејтингот од 32 отсто забележан во слично истражување пред еден месец – бројка која и тогаш претставуваше рекордно ниско ниво.

На прашањето за која партија би гласале доколку изборите се одржат денес, околу 47 отсто од испитаниците се определиле за демократите, додека 35 отсто се одлучиле за републиканците.

Оваа предност од 12 процентни поени за демократите е најголема забележана од почетокот на тековниот изборен циклус, што потенцијално ги зајакнува надежите на демократите за преземање контрола и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот во американскиот Конгрес.

За републиканците, губењето на контролата врз кој било од двата дома би можело да ја отежне реализацијата на агендата на Трамп во текот на последните две години од неговиот втор мандат.

Рејтингот на Доналд Трамп бележи остар пад откако САД, со поддршка на Израел, започнаа војна против Иран кон крајот на февруари.

Конфликтот предизвика нагло зголемување на цените на бензинот, како во Соединетите Држави, така и на глобално ниво. Околу 68 отсто од Американците не го одобруваат начинот на кој американскиот претседател управува со економијата – област која претходно важеше за негова силна страна, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ