вторник, октомври 20, 2026
Дома МАГАЗИН Хари испрати порака до својот татко, кралот Чарлс и до брат му,...

Хари испрати порака до својот татко, кралот Чарлс и до брат му, принцот Вилијам: Помирувањето е најважно

41

Принцот Хари отворено зборуваше за својот однос со татко му, кралот Чарлс, и со брат му, принцот Вилијам, наведувајќи дека сака да ги поправи длабоко нарушените семејни односи.

Војводата од Сасекс го даде своето прво големо интервју откако ова лето се врати во Обединетото Кралство со сопругата, Меган Маркл, и нивните две деца.

Во разговор за магазинот GQ, тој се осврна на својот сложен однос со членовите на кралското семејство и на долготрајниот семеен конфликт.

„Некои луѓе не сакаат работите да се подобрат. Јас сакам да се подобрат. Со оглед на сè што се случува во светот, помирувањето е најважно – тоа е клучната работа“, рече Хари.

Лузните остануваат засекогаш.

„Но, важно е како ги доживувате и каков став заземате кон она што се случило – со други зборови, како успевате да ја оставите минатото зад себе. Тоа е нешто што би им го препорачал на сите: ако одредени работи од минатото сè уште ве засегаат секојдневно, потешко е да се ослободите од нив. Но, според мене, во светот – а и во животите на луѓето – веќе има доволно драма, па нема потреба дополнително да се создаваат проблеми во семејството“, истакна тој.

Во август, Хари привлече големо внимание кога беше објавено дека се враќа во Обединетото Кралство со Меган и нивните две деца, по шест години живот во Калифорнија. Нивното повлекување од кралското семејство во 2020 година, често нарекувано „Мегзит“, со години е предмет на бројни шпекулации и медиумски извештаи.

Зборувајќи за враќањето во Англија и за својот однос кон земјата по бурните години, одбележани со судири со медиумите – вклучително и неколку правни битки – Хари изјави дека неговиот „став“ се променил.

„Мислам дека штом ќе поминете низ тоа, штом ќе можете да зборувате за тоа и да ја подигнете свеста, луѓето почнуваат да ги гледаат работите такви какви што се, а опкружувањето станува малку полесно. Тоа нема нужно да го запре однесувањето, но мислам – и се надевам – дека однесувањето може да се промени“, рече тоа тој.

Она што се случило тогаш, вели Хари, останало во тоа време.

„Она што се случуваше во последните шест години е продолжение на тоа. Некои битки беа водени – а и мораа да се водат. Со оглед на сè што се случува во светот, постојат делови од минатото кои, сигурен сум, сите ние – јас, моето семејство, па дури и некои британски медиуми – би сакале да ги оставиме зад себе и да работиме за општото добро“, изјави Хари.

Во последните години, принцот Хари откри бројни детали за односите во кралското семејство.

Тој објави мемоари кои станаа бестселер, во кои зборуваше за семејните конфликти, а за истата тема говореше и во документарна серија на „Нетфликс“.

Поради ова, како што самиот наведе, тој беше изложен на остри критики.

„Фасцинантно ми е што на сите други им е дозволено да ја раскажат својата верзија од мојата приказна, но – за име на Бога – како се осмелувам јас да ја раскажам другата страна?“, рече Хари.

ИЗДВОЕНИ