
Новоизбраниот потпретседател на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека Украина треба да престане да ја напаѓа руската енергетска инфраструктура, додавајќи дека иако Украина е партнер на САД, таа е тоа само во одредена смисла.
„Сепак, сметам дека понекогаш имаме различни интереси. На пример, дали мислам дека тие треба да изведуваат напади врз руската нафтена инфраструктура – што ги зголемува цените на енергенсите за Американците? Не. Ние соработуваме со нив по одредени прашања и ќе продолжиме да го правиме тоа, но сметам дека тие треба да престанат да ја бомбардираат руската енергетска инфраструктура“, изјави Венс за Јутјуб каналот „2Way“.
Венс нагласи дека не постои формален сојуз со Украина, дека Украина не е членка на НАТО и дека не треба да се приклучи кон Алијансата.
„Ќе продолжиме да соработуваме по некои прашања, но по други нема да се согласуваме“, додаде новоизбраниот потпретседател на САД, пренесе „Бета“.











