„Спијте мирно“, објавија пакистанските воени шпиони само неколку минути пред индискиот напад

503
EPA-EFE/RAHAT DAR

Индиската влада соопшти дека започнала напади врз Пакистан и Кашмир под пакистанска управа како одговор на минатомесечниот смртоносен напад врз туристи во Кашмир под индиска управа.

Делхи тврди дека биле погодени девет цели, нагласувајќи дека ниту еден пакистански воен објект не бил погоден. Од друга страна пакистанската војска изнесува различни тврдења – наведуваат дека биле погодени три локации.

Очевидци јавуваат за експлозии во пакистанскиот дел на Кашмир, во близина на градот Музафарабад. Кашмир, на кој Индија и Пакистан полагаат право во целост, но само делумно го управуваат, остана главна точка на конфликт меѓу двете земји од поделбата на британска Индија во 1947 година.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи нашироко се споделува објавата на пакистанската воена разузнавачка агенција, објавена само неколку минути пред индиската војска да изврши напади врз цели во Кашмир.

„Спијте мирно, народе. Пакистанските воздухопловни сили се будни“, напишаа тие.

Неколку минути подоцна почнаа индиските напади.

ИЗДВОЕНИ