Советот на Европската унија одлучи дека Украина во седмата редовна исплата на помош во рамки на Инструментот на ЕУ ќе добие 2,8 милијардни евра, беше соопштено денеска во Брисел.
Исплатите се поврзани со Планот за Украина кој ги утврдува мерките за нејзино закрепнување од војната, реконструкција и модернизација, како и за роковите за реформи во согласност со нејзината цел да биде примена во ЕУ.
Претходната, шеста исплата во декември 2025 година изнесуваше 2,3 милијарди евра.
Инструментот за Украина кој стапи на сила на 1 март 2024 година, предвидува нејзино финансирање од 50 милијарди евра во вид на грантови и кредити во периодот од 2024-2027.












