Бразилскиот тенисер Жоао Фонсека ќе му се спротивстави на Новак Ѓоковиќ во третото коло на Ролан Гарос.
Бразилецот заостануваше со 2-0 во сетови пред да направи неверојатен камбек против Дино Прижмиќ (Хрватска) – 3-6, 4-6, 6-3, 6-1, 6-2.
Неговиот следен противник е најголемиот тенисер на сите времиња, а воедно е свесен за тежината на задачата.
- Играм против Новак во следната рунда и тоа е големо задоволство за мене. Постојано разговарав со моите тренери за тоа како би сакал да бидам во неговиот дел од ждрепката, бидејќи знам дека нема да игра долго време. Сакам да го имам тоа искуство. Ќе уживам, играм на Ролан Гарос, трето коло, Новак е мојот ривал. Ќе уживам во секој момент играјќи против мојот идол. Против најголемиот досега во нашиот спорт. Се надевам дека ќе одиграм одличен натпревар. Кога ќе излезам на теренот, секако ќе му покажам почит, но ќе направам сè што можам за да го победам, јасно рече Фонсека, за кого ова е прв дуел со српскиот ас.











